Класичен рецепт за лазања: Деликатес кој никогаш не излегува од мода

Класичен рецепт за лазања: Деликатес кој никогаш не излегува од мода

Направете вкусни лазањи.

Состојки:

  • 1 пакување кори за лазања
  • 300 гр. мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 250 гр. доматно пире
  • кашкавал, бибер и сол
  • 4-5 лажици масло за бешамел
  • 4-5 лажици брашно
  • 300 мл. млеко

 

Подготовка:

 

 

  1. Се сече ситно кромидот и се динста со доматното пире.
  2. Се додава меленото месо со сол и бибер и се остава се убаво да згусне.
  3. Се прави бешамел во друга тава со тоа што се загрева масло со брашно и се додава млеко.
  4. Можете да ставите и оригано по вкус.
  5. Се зема плех и се става ред кори, па сос со меленото месо па бешамел и така се додека има смеса и кори.
  6. Се завршува со кори и горе се става само бешамел и кашкавал.
  7. Се пече на 200 степени околу половина час.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

 

singlepost_text