Направете панцероти од рерна без многу масло.
Состојки:
- 1 дл. млака вода
- 1 дл. млеко
- 1 дл. јогурт
- 1 лажица шеќер
- 1,5 лажици сол
- 1 кесе квасец
- 4 лажици масло
- 2 јајца
- брашно по потреба(колку ќе впие)
- кечап, шунка, кашкавал и шампињони
Подготовка:
- Се меси тесто од сите состојки за тесто и се става брашно за да се замеси, со рака ќе видите колку е доволно.
- Се остава да нарасне.
- Се премесува тестото и се земаат топчиња од него, се развлекуваат малку и се става фил.
- Се замотуваат како панцероти и се ставаат на плех со хартија.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат
ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед