Вкусен чорбест грашок…
Состојки:
- 1/2 кг варен грашок
- 300 гр суви ребра
- 2 моркови
- зелена пиперка
- 1 главица кромид
- компир
- 1 лажичка слатка црвена пипер
- 1 лажичка брашно
- сол
- малку сув зачин
- листови магдонос
- масло
- ловоров лист
Начин на подготовка:
- На масло пропржете ситно сечкан кромид и сечкана пиперка. Додајте на кругови исечкан морков, малку динстајте и додајте грашок, суви ребра и на коцки исечкан компир. Долијте малку вода па крчкајте. Додајте мелена црвена пиперка, листови ловор, малку зачини и сол. Налијте па оставете да се готви. Кога ќе се зготви ставете разматено брашно и сечкан магдонос. Оставете да зоврие, па послужете.
Добар апетит!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега