Банана коцки – Десерт совршен за секоја пригода

Банана коцки – Десерт совршен за секоја пригода

Направете банана коцки.

Состојки:

  • 9 јајца
  • 9 лажици шеќер
  • 9 лажици брашно
  • 9 лажици мелени лешници
  • 9 лажици млеко
  • 9 лажици масло
  • 9 лажици чоколадо во прав
  • 1 кг. банани за фил
  • 300 гр. шлаг за фил
  • 2 дл. слатка павлака за горе

Подготовка:

  1. Се матат за една кора 3 јајца со шеќер, па по 3 лажици од сите други состојки за кора.
  2. Смесата се соединува со лажица и се става во плех со хартија, па се пече на 200 степени околу 15 минути.
  3. Така се прават уште две кори.
  4. За фил се лупат бананите, се пасираат и се додава шлаг во прав, па се мати заедно.
  5. Се става кора фил, кора фил, кора фил.
  6. Цела торта се премачкува со изматена слатка павлака.
  7. Нека се стегне и исечете на коцки.

singlepost_text