Брзи и вкусни: Уштипци за доручек

Брзи и вкусни: Уштипци за доручек

Брзо и лесно направете вкусни уштипци за доручек.

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 40 гр свеж квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 јајце
  • 4 дл млака вода

Начин на подготовка:

  1. Брашното измешајте го со лажичка сол, додајте квасец и со доливање вода замесете тесто помеко отколку за леб.

     

  2. Покријте го тестото и оставете на топло да надојде. После десетина минути уште еднаш замесете го тестото и оставете го да отстои додека не излезе на врвот од садот.

     

  3. Загрејте масло во мало длабоко тенџере во кое може да стои само еден уштипец.

     

  4. Кога маслото ќе се загрее, намалете ја температурата на средна и почнете со пржење.

     

  5. Пржете ги уштипците по 3-4 минути од секоја страна. Извадете ги на кујнска хартија за да ја впие маснотијата.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text