Овој колач ќе биде совршен десерт за вашите деца!
Состојки:
- 3 лажици шеќер
- 3 капки сок од лимон
- 2 јајца
- 60 гр шеќер
- 250 мл млеко
Состојки за 2 дел:
- 2 јајца
- 100 гр шеќер
- 50 гр брашно
- малку прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Во тенџере растопете 3 лажици шеќер и разлејте во помал плех. Разматете 2 јајца со 250 мл млеко па прелијте го карамелот.
- Разматете 2 јајца со 100 гр шеќер па додајте брашно, па добро изедначете, може да додадете и малку прашок за печиво. Еднакво прелијте го млекото во тепсијата.
- Плехот ставете го во друг дел малку поголем и во него ставете за половина см врела вода. Печете на 200 степени околу 50 минути, пред крај покријте со фолија.
- Изладениот колач превртете го на чинија и послужете.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути