Кантарионот го има од дамнешни времиња во сите бабини рецепти и лекови.
Кантарионот расте на ливади, кај нас во Македонија го има во изобилство, и помага за многу проблеми, а богат е и со витамин Ц и каротен во составот.
Помага за зараснување рани, кожни проблеми и за исечените и изгореници.
Кантарионот има и антидепресивно дејство, а исто така помага и за страв и промени со расположение.
Помага и при чиреви, како и при убоди.
Помага и за проблеми со срцето, како и за проблеми со желудникот и варење на храната.
Користете го често, има многу благодети за телото и секој може да си го направи дома.
Земете децилитар маслиново масло и ставете една лажица кантарион во него, па оставете ја така смесата да стои неколку дена за да се впие убаво. Кога ќе добие црвена боја, значи дека е подготвено за користење.
Напомена: Природните состојки и рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Сода бикарбона – замена за 8 скапи препарати за нега
Како да ја отстраните бојата за коса која не ви се допаѓа?
Брз пилинг за меки усни – Ви требаат само 2 состојки
Природна маска за отстранување на митесерите од носот
Ослободете се од стресот со 5 минутна масажа на прстите
Студени раце и стопала? Еве на кои здравствени проблеми може да укажуваат