Слатко задоволство: Бајадера со кикирики

Слатко задоволство: Бајадера со кикирики

Никогаш поедноставен и побрз рецепт за најдобар десерт.

Состојки:

  • 200 гр маргарин
  • 200 гр шеќер
  • 1 дл млеко
  • 200 гр чоколадо
  • 100 гр печени кикирики
  • 300 гр мелени бисквити
  • 2 лажици масло

Начин на подготовка.

  1. На тивок оган растопете маргарин, додајте шеќер, па кога ќе се соедини, додајте чоколадо (100 гр), млеко, бисквити и 100 гр мелени кикирики (солените печени кикирики треба да се излупени и измелени на машина за мелење). Излејте во помал плех, израмнете, па прелијте со глазура од 100 гр чоколадо и 2 лажици масло.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text