Направете вкусно поховано пилешко, но во рерна.
Состојки:
- 400 гр. пилешко
- 1 лажиче сол
- ½ лажички бибер
- ½ лажички црвен пипер
- 1 лажиче лук во прав
- 2 лажици мајонез
- 2 лажици кисела павлака
- 2 лажици пармезан
- 2 лажици пченкарно брашно
- 1 мала шолја презла
- 100 мл. масло
Подготовка:
- Се сече пилешкото месо на парчиња и се додаваат сите зачини и лук.
- Се става мајонез со павлака и пармезан рендан.
- Се остава смесата во ладилник два часа.
- Се подмачкува плех со масло и се става брашното доле, па се вади пилешкото од маринадата, се става во презла и се реди на плех.
- Се прска со малку масло и се пече на 220 степени половина час.
На здравје!
Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:
Вкусна боранија со поховано пилешко
Здраво, вкусно, едноставно: Стар рецепт за боранија
Ручек со боранија и компир – вкусни чинии на трпеза
Кремаста салата од боранија (Видео)
Сочна боранија во карамелизиран кромид со печурки