Рецепт за посен подварок: Ручек полн со витамини

Рецепт за посен подварок: Ручек полн со витамини

За почетокот на постот подгответе здрав и вкусен ручек.

Состојки:

  • 1 помала главица кисела зелка
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 главица кромид
  • малку сува слатка пиперка
  • 3 чешниња лук
  • мелен бибер
  • 3 компири
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Зелката исечкајте ја ситно на резанки. Кромидот исечкајте го, пропржете го, па додајте сечкана зелка и пржете. Намалете го огнот и постојано мешајте.

     

  2. Кога ќе добиете жолтеникава боја, зелката е готова. Додајте малку пипер и сечкан лук.

     

  3. Компирите згответе ги, изгмечете ги и измиксајте ги. Сервирајте со пржена зелка.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text