Пиперки полнети со зелка и морков

Пиперки полнети со зелка и морков

Направете супер деликатес, пиперки полнети со зелка.

Состојки:

  • 10 пиперки
  • 1 шолја ориз
  • 1 морков
  • 1 кромид
  • 2 шолји зелка
  • 1 лажиче црвен пипер
  • масло, бибер и сол

Подготовка:

  1. Се сече кромидот ситно и се лупи и ренда морковот ситно, па и селката се сече ситно.
  2. Се ставаат во тава со масло и се пржат да омекнат, па се додаваат зачини и ориз пред да биде готово.
  3. Се става и топла вода колку што е неопходно за оризот да набабри.
  4. Се чека водата да испари и тогаш смесата е готова.
  5. Се мијат и чистат пиперките и се полнат со смесата.
  6. Се редат на плех за печење и се става вода на дното, па се печат на 200 степени додека не поруменат.

singlepost_text