Посен колач од јаболка: Десерт за сите вкусови

Едноставно, посно и вкусно. Овој рецепт морате да го пробате!

Состојки:

  • 7-8 јаболка
  • 200 гр суво грозје
  • 500 гр шеќер
  • 500 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 500 гр интегрално брашно
  • 250 мл масло
  • џем од кајсии за премачкување
  • 100 гр ореви

Начин на подготовка:

  1. Изрендајте јаболка. Ставете и суво грозје во сад и додајте шеќер. Измешајте ги сите состојки и оставете ги да отстојат половина час, додека јаболката не пуштат сок. Потоа додајте бело и интегрално брашно и прашок за печиво.

     

  2. Додајте масло, па повторно измешајте. Распоредете на намастен пелх. Печете околу 40 минути на 200 степени. Извадете го плехот од рерна и премачкајте го колачот со џем од кајсии. Иситнете ги оревите и ставете преку колачот.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text