Ароматичен намаз од печурки

Ароматичен намаз од печурки

Лесен и вкусен намаз од печурки шампињони.

Состојки:

  • 500 гр шампињони
  • 50 мл бело вино
  • малку маслиново масло
  • 1/2 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • бибер
  • сол
  • малку мајчина душица
  • малку сечкан магдонос
  • 1 полна лажица путер
  • 2 лажици сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. На маслиново масло издинстајте кромид, па додајте шампињони исечкани на листови, а потоа и лук. Посолете, побиберете, додајте бело вино и динстајте додека шампињоните не омекнат и течноста не испари.

     

  2. Потоа иситнете ги во блендер или измиксајте ги со миксер, заедно со путер, мајчина душица, сечкан магдонос и сок од лимон.

     

  3. Изладете и послужете го овој вкусен намез со парчиња тост леб.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text