Брз пилав со пилешко и печурки: Шарено царство од вкусови кое се памти

Брз пилав со пилешко и печурки: Шарено царство од вкусови кое се памти

Испробајте го овој рецепт, сигурни сме дека ќе го обожавате!

Состојки:

  • 300 гр ориз
  • 1 главица кромид
  • 200 гр печурки
  • 2 струка праз
  • 3 моркови
  • пилешко месо
  • зачин
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Пропржете ситно сечкан кромид, додајте исчистен ориз и пржете. Додајте зачин, бибер и пилешко месо. Долијте и шолја супа и поклопено динстајте на тивок оган.

     

  2. Во друг сад издинстајте праз исечкан на кругови, како и морков и печурки. Долијте шолја супа, додајте зачин и оставете да се готви.

     

  3. После 15 минути, додајте во оризот и по потреба додајте уште малку супа. Ставете во рерна да се пече десетина минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text