Предјадење кое освојува на прв залак: Пита со месо и ајвар

Предјадење кое освојува на прв залак: Пита со месо и ајвар

Наместо традиционалните гибаници, корите наполнете ги со мелено месо и ајвар и изненадете ги гостите со нов вкус.

Состојки:

  • 500 гр кори за гибаница
  • 1 главица кромид
  • 1 праз
  • 500 гр мешано мелено месо
  • малку вегет
  • малку бибер
  • мала тегла ајвар
  • 4 јајца
  • малку масло
  • малку кисела вода
  • 2 чаши кисела павлака
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечканиот кромид и праз пропржете го на малку масло. Додајте мелено месо па уште малку пропржете. Пропрженото месо измешајте го со ајвар.

     

  2. Редете по две кори, секоја пропрскајте ја со масло и кисела вода, а секоја втора филувајте ја. Свиткајте ги корите во ролна, ставете во намастен плех, исечкајте на парчиња. Прелијте со разматени јајца и малку сол. Оставете да отстои еден час, па печете во загреана рерна на 200 степени.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text