Крцкави компири со лук и магдонос по шпански рецепт

Крцкави компири со лук и магдонос по шпански рецепт

Вкусни и крцкави компири со лук и магдонос по шпански рецепт…

Состојки:

  • 1,5 кг компири
  • 70 гр свеж магдонос
  • 2 чешниња лук
  • 70 мл маслиново масло
  • 2 лажици путер
  • 1 лимон
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги и исчистете ги компирите, па исечете ги на коцки со еднаква големина. Ставете ги да се готват во голем лонец со студена вода. Добро послете ја водата и на умерено висока температура оставете да зоврие. Гответе околу 20 до 25 минути, додека не омекнат.

     

  2. Во мал сад измешајте сечкан магдонос и лук.

     

  3. Процедете ја водата од компирите и добро исушете ги.

     

  4. Во голема тава загрејте маслиново масло, па додајте компири и повремено протресувајте. Компирите печете ги околу пет минути додека кората не стане златно кафеава и крцкава.

     

  5. Во компирите додајте комбинација од лук и магдонос, добро измешајте и оставете ги компирите да се ароматизираат една до две минути. Потоа додајте путер, посолете и пибиберете по желба.

     

  6. Кога компирите ќе бидат готови, преку нив изрендајте кора од еден лимон. Употребете непрскан и органски одгледан лимон.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text