Чоко кокос торта по стар рецепт

Чоко кокос торта по стар рецепт

Неодолива чоко кокос торта…

Состојки:

  • 8 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 2 шлаг крем од ванила (150 гр)
  • 2 шлаг крем од чоколадо (150 гр)
  • 150 гр чоколадо
  • 6 лажици брашно
  • 4 лажици какао
  • 4 лажици кокос
  • 100 мл масло
  • 1 прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Разматете 4 јајца, 4 лажици шеќер, 3 лажици брашно, 2 лажици какао, 50 мл масло и 1/2 прашок за печиво. Изедначете и печете на 200 степени 15 минути. Постапката повторете ја со уште една кора.

     

  2. Разматете шлаг крем од ванила и во него додајте 4 лажици кокос и добро соединете. Посебно разматете шлаг крем од чоколадо. На првата кора ставете крем со кокос, а потоа шлаг крем со чоколадо. Покријте со другата кора. Прелијте со растопено чоколадо. Оставете ја тортата да стегне.


Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text