Брз и едноставен десерт: Пробајте фантастични орев коцки

Брз и едноставен десерт: Пробајте фантастични орев коцки

Еве рецепт кој можете да го подготвите во секоја прилика, брзо и едноставно.

Состојки:

  • 150 гр маргарин
  • 150 гр шеќер
  • 150 гр ореви
  • 70 гр брашно
  • 1/2 прашок за печиво
  • 4 белки
  • 4 жолчки
  • 150 гр шеќер во прав
  • 1 лажица ванилин шеќер во прав
  • 100 мл млеко
  • 100 гр ореви
  • 100 гр шеќер
  • 100 гр чоколадо
  • 100 гр ореви за посипување

Начин на подготовка:

  1. Разматете маргарин со шеќер, а потоа наизменично додавајте мелени ореви, брашно и прашок за печиво со снег од белки. Тестото испечете го и додека е врело прелијте го со жолта глазура.

     

  2. Жолтата глазура се прави така што добро ќе разматите 4 жолчки со два вида шеќер. Прелиениот колач вратете го во рерна да се суши 10-15 минути.

     

  3. За филот, потребно е да зготвите млеко, шеќер и чоколадо и во врелата маса додајте ореви и маргарин. Кога ќе се излади филот премачкајте го преку исушената глазура. Посипете со мелени ореви и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text