Вкусна пита за доручек: Пита со кисело млеко

Вкусна пита за доручек: Пита со кисело млеко

Брза и вкусна пита со кисело млеко.

Состојки:

  • 1/2 кг кори за пита 
  • 5 јајца 
  • 1 дл млеко 
  • сол 
  • 8 дл кисело млеко 
  • 1 дл масло 
  • 1/2 дл вода

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со сол и млеко, па додајте половина од маслото и соединете. 

     

  2. Намастете тепсија со остатокот од маслото (оставете малку). 

     

  3. Ставете 4 кори, секоја премачкајте ја со смеса од јајца вклучувајќи ја и четвртата кора, па на неа ставете слој кисело млеко. Така редете додека има кори и фил, но оставете малку од смесата од јајца. 

     

  4. Кога ќе ја ставите последната кора, питата избоцкајте ја со нож па залијте со вода и поместувајте ја тепсијата лево-десно за водата да се распореди рамномерно. 

     

  5. Остатокот од јајцата за премачкување на корите соединете го со маслото кое останало и со тоа премачкајте ја питата. 

     

  6. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 40 минути.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text