Неодолив брз колач со јаболка и сливи

Неодолив брз колач со јаболка и сливи

Неодолив колач кој брзо се прави…

Состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто
  • 300 гр сливи
  • 300 гр јаболка
  • 150 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 40 гр путер
  • рум

Начин на подготовка:

  1. Посипете шеќер по дното на плехот, па наредете го овошјето: ред сливи исчистени од коски, ред парчиња јаболка. Посипете ванилин шеќер по овошјето, пропрскајте го со рум и зачинете го со грутки путер. Развлечете го лиснатото тесто така да го прекрие овошјето и малку тесто завлечете на страна, по рабовите на плехот.

     

  2. Печете околу 40 минути на 200 степени и повремено проверувајте дали тестото се пече рамномерно. Кога ќе биде испечено извадете го го плехот и оставете го колачот да се излади.

     

  3. Исечете на коцки, послужете и уживајте!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text