Паштета од буковки и леќа

Паштета од буковки и леќа

Вкусна домашна паштета за доручек.

Состојки:

  • 200 гр варена леќа
  • 400 гр буковки
  • 1 дл млеко
  • 1 лажичка брашно
  • 1 лажица путер
  • 2 лажички сол
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1,5 лажичка мешавина од зачини
  • 80 гр ореви
  • бујон од зеленчук

Начин на подготовка:

  1. Згответе ја леќата. Буковките исчистете ги и исечкајте ги на тенки листови па гответе ги во сад со малку бујон. Кога печурките ќе омекнат, тргнете ги од оган и малку изладете.

     

  2. Сомелете печурки, леќа и ореви во блендер и смесата префрлете ја во сад.

     

  3. На путер пропржете брашно, залијте со млеко и гответе мешајќи додека не добиете глатка смеса. Измешајте со иситнетите состојки. Зачинете со сол, бибер и зачини.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text