Без печење и од само четири состојки – направете фантастична чоколадна торта

Без печење и од само четири состојки – направете фантастична чоколадна торта

Овој десерт ќе ве воодушеви со својата едноставност и фантастичен вкус.

Состојки:

  • 350 гр бисквити со какао
  • 360 мл слатка павлака
  • 90 гр слатка павлака (одвоено)
  • 45 гр путер, растопен
  • 350 гр темно чоколадо, искршено на коцки
  • свежи малини или боровници за украсување

Начин на подготовка:

  1. Бисквитите сомелете ги во блендер, додајте растопен путер и притиснете ја смесата на дно на сад, така што ќе формирате кора. 
  2. Слатаката павлака разматете ја со миксер додека не добиете цврст снег. 
  3. Шест лажици слатка павлака загрејте на пареа, па додајте искршено чоколадо, мешајќи цело време, додека не се растопи, а потоа полека додајте го растопеното чоколадо во слатката павлака, мешајќи додека убаво не се соедини. 
  4. Ставете го кремот во калапот со кора, и оставете во фрижидер да се излади, 4 до 6 часа.

Уживајте!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки