Мусака од црни патлиџани  и свинско месо

Мусака од црни патлиџани и свинско месо

Направете вкусна мусака со црни патлиџани.

Состојки:

  • 600 гр. свинско месо (кртина)
  • 800 гр. црни патлиџани
  • 500 гр. домати
  • 3 јајца
  • 1 шолја јогурт
  • 4 главици кромид
  • 1 лимон
  • сол, вегета, бибер, магдонос и лук

Подготовка:

  1. Се вари месото да омекне, па се сече на ситни парчиња.
  2. Се лупат и се сечат црните патлиџани на кругови, се пржат во масло и се става сол на нив, вегета и бибер.
  3. Се пржи и сечениот кромид во истото масло потоа, се додава месото со магдонос и лук во прав.
  4. Во тава редиме црни патлиџани, месото, малку сок од лимон, кругови домат кои треба да се излупени, па пак црни патлиџани додека има смеса.
  5. Се става горе смеса од јајца со 1 лажица брашно и 1 шолја јогурт.
  6. Се пече 1 часа на 200 степени.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text