Видео рецепт: Пилешко во сос од сирење

Видео рецепт: Пилешко во сос од сирење

Сакате да приготвите нешто вкусно и хранливо, а немате многу време за во кујна? Пилешко во сос од сирење е новиот предлог по рецепт од кујната на Подравка:

Состојки:

  • 500 гр пилешко филе
  • сол
  • Vegeta Maestro црн пипер
  • 50 мл бело вино
  • 3-4 лажици маслиново масло
  • 300 мл вода
  • 1 Vegeta Fant сос од сирење
  • мешавина од варен зеленчук за сервирање (брокула, морков и боранија)

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото месо ставете го во сад. Посолете го и нанесете малку Vegeta Fant црн пипер, како и виното и маслиновото масло. Оставете го кратко да се маринира.
  2. Во мегувреме сварете го зеленчукот во солена вода и отпосле убаво исцедете го.
  3. Во посебен сад за варење ставете ја млаката вода во која ќе ја додате содржината од кесичката Vegeta Fant. Мешајте на средна јачина додека да се згусне. Ќе ви бидат потребни околу 5 минути.
  4. Ставете го месото на загреан сад и убаво испечете го од сите страни додека да добие златно-румена боја.
  5. Сервирајте го месото со земчукот во сад за послужување и одозгора прелијте го со сост од сирење.

Добар апетит!

Препорака: Доколку сакате да уживате во вкусен оброк без месо, можете да го искористите овој рецепт, но наместо месо ставете поголема количина и вид на варен зеленчук.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk од кујната на Подравка:

Видео рецепт: Мисиркини гради во сос од печурки

Видео рецепт: Тестенини болоњезе од рерна

singlepost_text