Лазања полна спанаќ и кашкавал

Лазања полна спанаќ и кашкавал

Направете вкусна лазања полна спанаќ.

Состојки:

  • 500 гр. спанаќ 
  • 1 кг. пилешко мелено месо
  • 1 чешне лук
  • 3 парчиња сланина
  • 425 гр. исечени домати
  • 125 гр. доматно пире
  • 125 гр. кечап
  • 125 гр. пилешки бујон
  • 12 кори за лазања
  • 125 гр. чедар кашкавал
  • сол и бибер 
  • 60 гр. маргарин за сос
  • 40 гр. брашно за сос
  • 600 гр. млеко за сос
  • 125 гр. рендан чедар кашкавал

 

Подготовка:

  1. Се загрева рерна на 180 степени. Се чисти и мие спанаќот, се става во врела вода 2 минути да омекне, па се става во ладна вода и се цеди.
  2. Се пржи на малку маслиново масло месото со ситнет лук и сланина, околу 5 минути, па се додаваат доматите, со кечап и доматно пире.
  3. Се става и бујонот и се остава да проврие.
  4. Се намалува оганот и се остава со капак 10 мин.
  5. Се ставаат зачини и се спрема сосот.
  6. Се топи во тава маргарин со брашно, се меша и се додава млееко кога ќе се тргне од оган.
  7. Се враќа на оган и се меша постојано, се вари околу 4 мин.
  8. Се трга и става кашкавал.
  9. Се става дел од смесата со месо во плех, па 4 кори лазања, па сос со кашкавал, нов слој месо и спанаќ, па кори за лазања.
  10. Така додека има фил и потоа се става горе кашкавал.
  11. Се пече 50 мин.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Специјалитет: Похoван и печен пилешки стек

singlepost_text