Оригинален рецепт за вкусна мимоза салата…
Состојки:
- 200 гр шунка Пекабеско
- 200 гр кашкавал
- 100 гр морков
- 200 гр мајонез
- 300 гр кисела павлака Пекабела
- 3 црвени компири
- 2 јајца
- сол
Начин на подготовка:
- Згответе компири и моркови и посебно сварете јајца. На дно на чинија крупно изрендајте компири,посолете и премачкајте со тенок слој мајонез и кисела павлака.
- Преку изрендајте морков, нанесете втор слој мајонез и павлака, потоа исечкајте шунка, па повторно мајонез и павалака. Во следниот ред исечкајте јајца и повторете ја постапката со мајонез и павлака. Потоа ситно исечкајте кашкавал,а преку ставете сечкана жолчка. Салатата можете да ја декорирате со цвет од варен морков, со малку магдонос или маслинки.
Добар апетит!
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот
Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи