Вкусни тестенини со сувомеснато, брокула и пармезан

Вкусни тестенини со сувомеснато, брокула и пармезан

Рецепт за брз и вкусен оброк…

Состојки:

  • 350 гр тестенини
  • 1 главица брокула на цветчиња
  • 2 дл крем павлака
  • 100 гр рендан пармезан
  • 100 гр исечкано сувомеснато
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица сечкан лук
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во врела посолена вода згответе тестенини и исцедете ги. Кратко обварете ја брокулата.

     

  2. Во тенџере загрејте масло на средна температура и пропржете ситно сечкан кромид и лук. Потоа додајте брокула, динстајте 3-5 минути, па измешајте павлака и рендан пармезан.

     

  3. Кога павлаката ќе зоврие, додајте исцедени тестенини, добро измешајте, посолете и побиберете по желба. Месото кратко испржете го на тефлон тава и исечкајте го на парчиња. Распоредете по сервираните порции и послужете.


Добар апетит!

Повеќе поврзани вести на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

 

singlepost_text