Лути пиперчиња – феферони пастеризирани во рерна

Лути пиперчиња – феферони пастеризирани во рерна

Направете вкусни феферони за зима, без конзерванс со едноставна пастеризација во рерна.

Состојки:

  • 1 – 1,5 кг феферони
  • 700 мл вода
  • 250 мл оцет (9%) ако правите со јаболков тогаш ставете 350 мл
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • десетина зрна бибер
  • 3 тегли

Начин на подготовка:

  1. Теглите добро измијте ги и исушете ги во рерна на 100 степени.

     

  2. На пиперките отсечете им ги врвовите на петелките, добро измијте ги. Наредете ги во чисти тегли, ставете по неколку зрна бибер.

     

  3. Измешајте вода, оцет, сол, шеќер па налијте преку пиперките.

     

  4. Теглите добро затворете ги и ставете ги во загреана рерна на 100 степени околу половина час. Исклучете ја рерната и оставете неколку часа постепено да се изладат.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text