Вкусен доручек: Домашна паштета од бело месо

Вкусен доручек: Домашна паштета од бело месо

Брзо и лесно подгответе вкусен доручек…

Состојки:

  • 300 гр пилешко бело месо без коски
  • 1 главица кромид
  • 10 маслинки
  • магдонос
  • 2 гранчиња мајчина душица
  • 2 лажици маслиново масло
  • сок од лимон
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица сенф

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото згответе го во солена вода. Кога ќе биде зготвено исцедете го, но задржете половина шолја вода од готвењето.

     

  2. Оставете го пилешкото да се излади. Во блендер ставете пилешко на парчиња, додајте ги сите состојки и половина мала шолја од водата во која се готвело пилешкото. Блендирајте додека смесата не стане кремаста. Ако ви е потребно додајте уште сол, бибер, сок од лимон и сенф. Ставете ја смесата во фрижидер да се излади, па послужете со леб.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

singlepost_text