Салата со компири, маслинки и копар – Комбинација која мами со аромата

Салата со компири, маслинки и копар – Комбинација која мами со аромата

Направете компир салата со маслинки, копар, компир и кромид.
Совршено и вкусно.

Состојки:

  • 1 кг. компир
  • 12 маслинки зелени
  • 3 лажички копар
  • 1 главица кромид
  • 3-4 струка магдонос
  • бибер, сол, маслиново масло и оцет

Подготовка:

  1. Се мие компирот се вари во солена вода и потоа се лупи и сече на коцки.
  2. Се става во сад со сечените маслинки, сечен кромид, ситнети копар и магдонос.
  3. Се става маслиново масло со оцет и зачини и се меша.
  4. Се лади и служи.

Добар апетит!

 

singlepost_text