Ќофте во бел сос – најдобар избор за ручек

Ќофте во бел сос – најдобар избор за ручек

Вкусен ручек од мелено месо…

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 2 главици кромид
  • 1/2 шолја ориз
  • 1/2 прашок за печиво
  • 2 чешниња лук
  • 1 морков
  • 2 јајца
  • 2 лажици презла
  • сол
  • бибер
  • 2 дл бујон
  • 2 лажици доматно пире

Состојки за сос:

  • 200 мл кисела павлака Пекабела
  • 2 јајца
  • 100 гр пармезан
  • 100 гр моцарела
  • копар

Начин на подготовка:

  1. Оризот згответе го во посолена вода околу 10 минути па исцедете. Кромидот исечкајте го и пропржете го. Во смесата од мелено месо додајте ориз, кромид, изрендан морков, зачини, јајце и презла. Обликувајте топчиња па кратко пропржете ги на тава. Налијте со бујон, поклопете и динстајте околу 15 минути додека течноста не испари. На крај измешајте доматно пире.

     

  2. Топчињата префрлете ги во сад за печење и прелијте со сос од јајца, павлака, сечкан копар и изрендано сирење. Печете на 200 степени околу 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

singlepost_text