Вкусна чорба од риба

Вкусна чорба од риба

Подгответе здрава и вкусна чорба од риба.

Состојки:

  • 500 гр бела морска риба
  • компир
  • морков
  • 1 главица кромид
  • 1 корен магдонос
  • ловоров лист
  • бибер во зрно
  • сол
  • 1 лажица концентрат од домати
  • 2 чешниња лук
  • 100 мл бело вино
  • 1 лимон
  • гранче целер
  • листови магдонос
  • 50 мл маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Исчистената риба, исечканите морков, магоднос, кромид и компир ставете ги да се готват во ладна вода заедно со ловоров лист, бибер во зрно и сол. Додајте листови целер и малку маслиново масло. Оставете лесно да се готви околу 15 минути.

     

  2. Извадете ја рибата, отстранете ги коските и исечкајте ја. Супата процедете ја, извадете го ловоровиот лист, зеленчукот изгмечете го и вратете го во супата заедно со рибата. Додајте концентрат од домати, вино, лук, останатото масло па заедно кратко гответе. На крај побиберете и додајте сок од лимон и магдонос.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте