Полнети пиперки со сирење и ориз

Полнети пиперки со сирење и ориз

Направете вкусни полнети пиперки со ориз и сирење.

Состојки:

  • 15 пиперки
  • 200 гр. варен ориз
  • 100 гр. овчо сирење
  • 100 гр. кисела павлака
  • 2 јајца
  • сол, бибер, масло
  • 1 компир

 

Подготовка:

  1. Се длабат и чистат од семки пиперките.
  2. Се матат јајца, се додава павлака, рендано сирење и зачини.
  3. Се полнат пиперките и се става и ориз.
  4. Затворете ги со кругови компир.
  5. Се редат една до друга исправени во сад со масло и се печат на 200 степени на загреана рерна, па потоа на 180 додека не поруменат и омекнат.

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки