Штрудла со јаболка во лиснато тесто

Штрудла со јаболка во лиснато тесто

Направете вкусна штрудла со јаболка во лиснато тесто.

Состојки:

  • 1 пакување лиснати кори
  • 1 кг јаболка
  • 100 гр шеќер
  • 50 гр путер
  • цимет
  • малку рум или млеко
  • 1 шолја суво грозје
  • 1 шолја исечкани ореви

Начин на подготовка:

  1. Корите премачкајте ги со растопен путер па на нив наредете јаболка кои претходно сте ги излупиле и исечкале на коцки, како и сечкани ореви. Посипете со шеќер, цимет и суво грозје кое претходно сте ги потопиле во рум или млеко.

     

  2. Свиткајте го тестото во штрудла и наредете на намастена тепсија. Печете го колачот во загреана рерна на 180 степени околу половина час. Оставете малку да се излади, исечете, посипете со шеќер во прав и послужете.

Уживајте!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

singlepost_text