Кафанска телешка чорба: Повкусна не сте пробале

Кафанска телешка чорба: Повкусна не сте пробале

Подгответе телешка чорба на овој начин, повкусна е и од кафанската…

Состојки:

  • 500 гр телешко месо од бут или врат
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • пашканат
  • магдонос
  • 1 корен целер
  • 2 компири
  • 1 дл масло
  • 2 лажици брашно
  • 2 дл кисела павлака Пекабела
  • 1 жолчка
  • сол
  • бибер
  • малку листови магдонос

Начин на подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го, па издинстајте го на масло. Додајте месо исечкано на коцки (и коски, ако има), налијте вода и динстајте на тивок оган околу еден час.

     

  2. Додајте зеленчук исечкан на коцки, посолете, побиберете, налијте околу 2 л вода.

     

  3. Направете и запршка од две лажици брашно, па заедно гответе уште околу половина час.

     

  4. Пред сервирање во готовата чорба измешајте павлака со разматена жолчка и посипете со сечкан магдонос.

     

  5. По желба, закиселете со оцет или сок од лимон.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text