Царици на трпезата во есен и зима: Сарми од блитва полнети со пилешко

Царици на трпезата во есен и зима: Сарми од блитва полнети со пилешко

Направете вкусни сарми од блитва.

Состојки:

  • 26 листови блитва
  • 500 гр. мелено пилешко
  • 1 главица кромид
  • 1 мала шолја ориз
  • 1 јајце
  • пилешка супа или млака вода по потреба
  • масло

Подготовка:

  1. Се мие блитвата и се трга белиот дел од листовите.
  2. Се загрева вода во шерпа и се спушта лист по лист од блитвата и кратко се бланшира. Се вадат листовите на чинија, да не се лепат.
  3. Се пржи сечен кромид на масло, се додава месо и се крчка 15 минути. Се ставаат зачини по вкус, сол, бибер и вегета, и на крајот се става добро измиениот ориз.
  4. Се трга потоа од оган, се става едно јајце и се меша.
  5. Се става по една лажица од смесата на лист блитва и се замотува, се редат во огноотпорен сад со масло.
  6. Се преливаат со млака вода или пилешка супа, за да се прекријат, се става фолија и се печат на 200 степени на загреана рерна додека течноста не испари.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

 

 

singlepost_text