Сочни есенски мафини

Сочни есенски мафини

Неодоливи и сочни есенски мафини, ќе ве освојат на првиот залак.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 250 гр кисела павлака Пекабела
  • 100 мл масло
  • 270 гр брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • кора од лимон
  • сол
  • 100 гр ситно грозје

Начин на подготовка:

  1. Соединете јајца, шеќер и кисела павлака и матете со миксер, па во тенок млаз додајте масло.

     

  2. Посебно измешајте брашно, прашок за печиво, изрендана кора од лимон и малку сол, па овие состојки со лажица лесно измешајте ги во смесата со јајца. На крај додајте грозје. Смесата ствете ја во калапи за мафини и печете на 180 степени околу 20 минути, додека не добијат убава боја.

     

  3. Посипете со цимет и шеќер во прав и послужете.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

singlepost_text