Медено пилешко во кора од диња или тиква

Медено пилешко во кора од диња или тиква

Вкусно и интересно јадење.

Состојки:

  • кора од диња или тиква
  • 1,5 – 2 кг пилешко месо
  • 2 лажици мед
  • сол
  • бибер
  • масло
  • листови магдонос
  • зачини по желба (кари, чили, куркума, мускатно оревче, кромид, лук, ловоров лист…)

Начин на подготовка:

  1. Кората треба да е целосна, нормално издлабете ја средината и искористете ја за друг рецепт.

     

  2. Месото исечкајте го на помали парчиња, зачинете, намастете, додајте мед и ставете во кората. Од другиот дел на на кората можете да направите капак или едноставно прекријте со фолија. Печете час и половина, тргнете го капакот и продолжете со печење уште половина час. Се пече во загреана рерна на 200-220 степени.

     

  3. Сервирајте во кора, бидејќи навистина е декоративно, од горе украсете со магдонос.

     

  4. Послужете со прилог по желба: ориз, рижото, компир, салати…

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text