Шарена боранија – Рецепт за целото семејство

Шарена боранија – Рецепт за целото семејство

Гордана вели дека вака сервираната шарена боранија е вистинска уметност и за очите. Таа често ја приготвува на овој начин зашто комбинацијата на состојки прави уште побогат вкус и мирис на ова здраво и неодоливо јадење. Еве го нејзиниот рецепт:

Состојки:

  • Половина пакување замрзната зелена боранија од Пекабеско
  • Половина пакување замршната жолта боранија од Пекабеско
  • 1 домат или 100 мл доматно пире
  • 1 морков
  • 1 зелена пиперка
  • 1 главица кромид
  • 500 мл млака вода
  • Масло за јадење
  • Сол, црн бибер, црвен пипер и вегета по вкус
  • Магдонос по вкус

Начин на подготовка:

  1. Во загреано масло на оган го додаваме изренданиот кромид да се пропржи додека да омекне. Доколку сакате може да ја приготвите и без кромид. Во тој случај почнете од точка 2 од начинот на подготовка.
  2. Потоа го додаваме ренданиот домат и зелената ситно сецкана пиперка.
  3. Кога овие состојќи ќе заруменат во садот ги додаваме зелената и жолтата Пекабеско боранија.
  4. Продолжуваме со динстање додека боранијата да омекне.
  5. Кога состојките се омекнати додаваме млака вода, морковот исецкан на тркалца, сол, вегета, црвен пипер и црн бибер по вкус.
  6. Го затвораме садот и ја оставаме боранијата на тивок оган 30-40 минути откако ќе зоврие.
  7. Пред самиот крај додаваме ситно сецкан магдонос по желба.

На здравје!

Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Вкусна боранија со поховано пилешко

Здраво, вкусно, едноставно: Стар рецепт за боранија

Боранија со пилешко

Рижото со грашок и боранија

Ручек со боранија и компир – вкусни чинии на трпеза

Запечена боранија

Кремаста салата од боранија (Видео)

Сочна боранија во карамелизиран кромид со печурки

singlepost_text