Статистика: Колку кафе месечно се пие во Македонија?

Статистика: Колку кафе месечно се пие во Македонија?

Секој од нас во просек пие речиси 200 грама кафе месечно – покажаа податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за 2018 година.

Според податоците објавени на нивната Facebook страна минатата година во просек секое домаќинство во земјава потрошило 8,7 килограми кафе, додека, пак, просекот по член на домаќинство изнесува 2,3 килограми.

За сите љубители на кафе, Gotvi.mk предлага неколку совети и трикови:

  • Премногу мешање на кафето ја намалува неговата арома, а традиционалното кафе кое при варењето сте го оставиле неколку пати да се подигне до врвот, исто така, ќе го смени вкусот и ќе стане поретко.
  • Шеќерот се додава додека е водата ладна, пред кафето да се стави во неа. На овој начин ќе ја задржи вистинската арома и вкус.
  • Доколку направите дамка од кафе на облеката, потребно е да нанесете сода со малку вода, да отстои кратко, по што ќе истриете убаво и измиете. Дејствувајте брзо за да даде максимален ефект.
  • Голем број љубители на кафе го пијат кафето и го фрлаат талогот. Но, тој многу може да се искористи бидејќи помага против инсекти. За оваа намена, потребно е да ставите талог од кафе во некој сад или на ќошевите во домот или работните простории.
  • Исто така, ако го ставите талогот од кафе во сад во ладилник ќе ги собере непријатните мириси.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Бомбици со кафе, бело и црно чоколадо

Ледено кафе со сладолед – спас во врелите денови

Заменете го кафето со чај од липа – Спречува срцев удар и болести

Слатки залаци: Сладолед од кафе

Веќе нема да пиете кафе без овој додаток