Мусака со компир, печурки и маслинки – Деликатес на трпеза

Мусака со компир, печурки и маслинки – Деликатес на трпеза

Има различни рецепти за мусака, со тиквички, модар патлиџан, компири и месо, а овој е еден од најпрекрасните во морето рецепти.

Состојки:

  • 1 кг. компир
  • 2 главици кромид
  • 400 гр. печурки
  • 3 моркови
  • 2 лажици масло
  • 2 лажички вегета
  • сол
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 10 маслинки црни

Подготовка:

  1. Се лупи и сече компирот ситно, па се става во сад за печење, а потоа се лупи и сече ситно и морковот и се става со компирот, се додава малку вода колку да се покрие зеленчукот и се крчка на 200 степени половина час.
  2. Се пасираат печурките и се пржат на масло 10 минути, па се ставаат во компирот и морковот, заедно со сечените маслинки и зачини.
  3. Се става црвен пипер и се пече уште 15 минути.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

singlepost_text