Шарени чоколадни коцки со смокви: Освежувачки колач за секој ден

Шарени чоколадни коцки со смокви: Освежувачки колач за секој ден

Едноставно се подготвува, а вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • 4 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 1/2 прашок за печиво
  • 100 гр чоколадо
  • 150 гр шеќер
  • 2 пудинга од ванила
  • 50 гр путер или маргарин
  • 200 гр свежи смокви
  • 500 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Пудингот згответе го во млеко и засладете по вкус. Разматете јајца со шеќер, додајте брашно со прашок за печиво и растопено чоколадо. 
  2. Плехот обложете го со хартија за печење, па во него излејте го тестото. Преку чоколадното тесто, лажица по лажица, ставајте пудинг. 
  3. Смоквите измијте ги и отсечете ги дршките, па нив потопете ги во пудингот и притиснете. Печете на 200 степени околу 40 минути. 
  4. Колачот добро излдете го па дури потоа сечете го, па свртете наопаку и сечете на коцки. По желба можете да посипете со шеќер во прав и ванилин шеќер.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text