Ручек на брзина: Ќофте во сос од јогурт

Ручек на брзина: Ќофте во сос од јогурт

Брз и лесен рецепт за омилените ќофтиња.

Состојки за ќофтиња:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • средина од леб
  • малку млеко
  • 2 јајца
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • брашно
  • масло
  • сол
  • мешавина од зачини

Состојки за сос:

  • 200 мл јогурт
  • магдонос
  • малку босилек
  • мала главица кромид
  • 1 лажичка маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во меленото месо додајте јајца, ситно сечкан кромид и лук, половина лажичка прашок за печиво, средина од леб потопена во млеко, па исцедена. Зачинете по вкус и правете топчиња. Секое извалкајте го во брашно и пржете на масло.

     

  2. Ситно исечкајте кромид, магдонос и босилек. Во длабок сад добро измешајте маслиново масло и јогурт, па додајте босилек, кромид и магдонос.

     

  3. Посолете го сосот по вкус и со него прелијте ги ќофтињата.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text