Домашни ѓевреци со мед и сусам – Никогаш повеќе нема да купите во пекара

Домашни ѓевреци со мед и сусам – Никогаш повеќе нема да купите во пекара

Направете вкусни ѓевреци во вашиот дом.

Цел дом ќе замирица, три пати се повкусни од купечките.

Состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 20 гр. квасец коцка
  • 2 лажички сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 3 лажици масло
  • 250 мл. млака вода
  • 2-3 л. вода за варење
  • 1 лажица мед
  • сусам

Подготовка:

  1. Се става брашно во сад со ронет квасец, сол и шеќер, па масло, полека се додава млака вода и се меси тесто како за кифлички.
  2. Се остава да стои со крпа половина час да нарасне.
  3. Се расукува на подбрашнета површина, па се вадат 9 топчиња.
  4. Од секое се прави криг ги притискаме краевите со прстите и формираме ѓеврек.
  5. Се оставаат на плех да одморат 10 минути.
  6. Се ставаат 2-3 литри вода во шерпа на оган и се става мед да се растопи, а откако водата ќе зоврие, се сставаат најмногу по 2 ѓеврека, се оставаат со превртување една минута.
  7. Се вадат на плех со хартија.
  8. За 10 минути ќе се сварат сите.
  9. Се става сусам горе.
  10. Се печат на загреана рерна на 200 степени 25 минути.

singlepost_text