Лековита напивка: Како да направите сок за здрав желудник – рецепт

Лековита напивка: Како да направите сок за здрав желудник – рецепт

Свежата зелка содржи важни елементи за одржување на биолошка рамнотежа на организмот. Покрај тоа што спречува авитаминоза, лечи и слузокожа на органите за варење.

Топлата супа од зелка, го олеснува искашлувањето, а за слабокрвните лица се препорачува сирова зелка, бидејќи изобилува со минерални соли и витамини.

Оваа лековита напивка би требало да ја земате помеѓу оброците, а доколку ви смета при варењето, консумирајте ја еден час после јадењето. Во тој случај, пред јадење треба да испиете чај од камилица.

Сокот од зелка во народната медицина се препорачува во терапија за чир на желудникот, а за да добиете сок, исечкајте половина килограм зелка, сомелете, малку посолете и оставете да отстои. Потоа зелката процедете ја низ газа, а сокот чувајте го во фрижидер.

За супа од зелка потребно е во тенџере да загреете 3 лажици масло, кратко пропржете две лажици брашно, додајте иситнети листови зелка. Гответе со додавање на ловоров лист и бибер во зрно. Откако зелката ќе омекне исечкајте чешне лук, додајте 2 лажици кисела павлака и магдонос.

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text