Зимница: Вкусна варена пиперка

Зимница: Вкусна варена пиперка

Збогатете ја вашата зимница и со овој рецепт.

Состојки:

  • 1 кг пиперки бабури
  • 2 лути пиперки
  • малку бибер во зрно
  • 2 лажици сол
  • 1 лажица шеќер
  • ловоров лист
  • листови целер
  • 1,5 л вода
  • 500 мл алкохолен оцет
  • 5-6 чешниња лук

Начин на подготовка:

  1. Пиперките измијте ги и извадете ги семките. Во тенџере ставете вода, сол, шеќер и додајте оцет, бибер и ловоров лист, па зовријте.

     

  2. Ставете ги пиперките и варете 2 минути и свртете ги. Извадете ги од лонецот, покријте ги и оставете ги 2 часа. Наредете ги во тегли. Додајте лук, целер.

     

  3. Притиснете со пластични притискачи. Прелијте со растворот во кој се готвеле пиперките. Затворете. Ставете во ладна рерна. Вклучете на 90 степени 90 минути. Оставете до наредното утро да се изладат во рерна.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text