Никогаш не е доста. Хит, крцкави, вкусни и сочни крилца…
Состојки:
- 2 кг крилца
- 100 гр брашно
- 1/2 кесичка прашок за печиво
- 1 лажичка сув зачин
- 2 лажички ситна црвена пиперка
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка лук во прав
Начин на подготовка:
- Сите состојки измешајте ги во чинија.
- Крилцата исушете ги, посолете ги и провлечете ги во направената мешавина, наредете на голема тепсија, обложена со хартија за печење.
- Печете во загреана рерна на 200 степени. Прво 30 минути, извадете ги и свртете ги па печете уште 10-15 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт