Рецепт за вкусен пинџур

Рецепт за вкусен пинџур

Пинџур е јадење слично на ајварот. Претставува зимска салата од сечкани пиперки и домати, зачинети со лук и магдонос. Ако сакате луто, во пинџурот можете да додадете и малку лута пиперка.

Состојки:

  • 8 кг меснати црвени пиперки
  • 4 кг домати
  • 400 мл масло
  • 400 мл оцет
  • 5 лажици шеќер
  • 2 главици лук
  • магдонос
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Пиперките прво испечете ги, излупете ги и исчистете ги од семки. Потоа оставете ги преку ноќ за да се исцедат. Наредниот ден исечете ги на резанки. Доматите прелијте ги со врела вода, па излупете ги и исечкајте ги на коцки.

     

  2. Потоа во тенџерето додајте шеќер и гответе доедка масата не се преполови. Тогаш додајте пиперки, масло, лук и магдонос, сол по вкус и пржете до саканата густина. На крај додајте оцет и кратко гответе.

     

  3. Врелиот пинџур се става во врели стерилизирани тегли, кои треба да се запечат во топла исклучена рерна, преку ноќ. Наредниот ден преку пинџурот ставете целофан потопен во есенција, па затворете со метални капачиња.

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text