Пастрмка со ореви: Посен оброк за чиста десетка

Пастрмка со ореви: Посен оброк за чиста десетка

Одличен, хранлив оброк за целото семејство!

Состојки:

  • 1 кг пастрмка
  • 150 гр ореви
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица мелена црвена пипер
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Кромидот исечкајте го ситно и пржете го во тава на загреано масло. Оревите исечкајте ги ситно. Кгоа кромидот ќе омекне, во тавата додајте ги и оревите, потоа мелена пипер и измешајте. Кога кромидот ќе се пропржи, тргнете ја тавата од шпорет.

     

  2. Со масло пропрскајте огноотпорен сад, внатрешноста на пастрмките наполнете ја со фил од тавата и наредете ги рибите во огноотпорниот сад. Останатиот фил нанесете го на пастрмките и пропрскајте со масло.

     

  3. Печете 60 минути во рерна загреана на 200 степени. Послужете топло со зелена салата и домати.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text