Кремаст десерт од кајсии

Кремаст десерт од кајсии

Неодоливо кремаст десерт од кајсии…

Состојки:

  • 7-8 зрели кајсии
  • 3 јајца
  • 175 мл млеко
  • 75 мл слатка павлака
  • 1/2 лажичка ванилин екстракт
  • 50 мл ликер од кајсии
  • 80 гр шеќер
  • 75 гр брашно
  • 1/4 лажичка сол
  • шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Тепсија за тарт, со пречник од 22 см, премачкајте ја со ладен путер. Кајсиите измијте ги, исушете ги и преполовете ги, извадете ги коските и наредете ги во круг во калапот. Оставете на страна. Вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени.

     

  2. Во сад со жица разматете јајца, шеќер, млеко, слатка павлака, сол, ванила и ликер и на крај додајте брашно и разматете да нема грутки. Разматената маса прелијте ја преку кајсиите и ставете да се пече околу 30-35 минути.

     

  3. Испечениот десерт извадете го од рерна и оставете да се излади на собна температура, посипете со шеќер во прав и послужете.

Уживајте!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Прочитај повеќе кулинарски совети и трикови ТУКА

Помоќен од вијагра и афродизијак: Две состојки за да бидете ѕвер во кревет

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

singlepost_text